Thursday, March 27, 2014

Guillain-Barre синдром

СИНДРОМ НА GUILLAIN-BARRÉ
(polyradiculitis )

Прифаќање на можноста за постоење на полиневритис кај пациент со слабост или со трнење на екстремитетите.
Полиневритисот е инфламација на нервните корени, која главно ги зафаќа моторните нерви и има (асцендентен) нагорен пат.
Етиологијата е непозната.
Кај 70% од пациентите, на оваа состојба ѝ претходела инфекција (на пр.Campylobacter jejuni), вакцинација или имуноманипулација.
Инциденцата во светот е 1.0-1.9/100.000 жители годишно.
Се јавува во две клинички форми: акутна идиопатска форма (95% од случаите) и
ретка хронична или рецидивна форма.

СИМПТОМИ
Асцендентни симетрични симптоми на болки и боцкање, трнење и мускулна слабост, кои започнуваат во долните екстремитети и се шират нагоре.
Во клиничката слика доминира мускулната слабост.
Болеста во текот на неколку часа може да прогредира до респираторна парализа.
Често е асоцирана со периферна пареза на кранијалните нерви, најчесто со пареза на лицевиот нерв.
Нема нарушување на функцијата на мочниот меур.
Често се присутни болки во вратот и ниско во грбот.

ДИЈАГНОЗА
Тетивните рефлекси се ослабени или загубени;
Сензитивните нарушувања се лесни;
Присутна е симетрична мускулна слабост;
Бројот на клетките во ЦСЛ е нормален, иако е можно присуство на леукоцити до
50/mm³.
Концентрацијата на протеини во ликворот е зголемена дури до 6.000-7.000 mg/l
(понекогаш порастот на протеините не се регистрира дури до крајот на втората
недела од заболувањето).169
Наодот на ЕНМГ може да ја потврди дијагнозата, но не порано од три недели од
почетокот на болеста.
Од анализите на крвта нема корист за дијагнозата.

ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА
Акутен паралитичен полиомиелитис (асиметричен, повеќе леукоцити во ЦСЛ);
Акутен миелитис (лезија на централниот моторен неврон, парализа на мочниот
меур);
Полиневропатија асоцирана со дифтерија;
Ботулизам;
Мијастенија гравис;


ТРЕТМАН
Пациентот се пренесува во болница со капацитет за третирање на засегнатата респирација, ако е неопходно и во единица за интензивна нега.
Рана интубација на пациентот ако има знаци за нарушување на дишењето.
Стероидите не покажале добри резултати во третманот на акутните форми на по-
линевритисот .
Интравенската терапија со имуноглобулини  или терапијата со плазмафереза  кај тешките случаи (неможност за одење, опасност од потреба за респиратор), би требало да се применат во првите две недели од заболувањето.
Физикалната терапија е препорачлива кога веќе нема прогресија.
Потребна е профилакса на тромбозата кај тешко парализираните.
Стероидите се препорачливи кај хроничните и рецидивните форми на болеста.


ПРОГНОЗА
Комплетно закрепнување кај 90% од болните со идиопатска форма во текот на 1-2
години.
Морталитет 5-10%.
Прогресивната фаза трае околу четири недели, стабилната фаза околу две недели, а зкрепнувањето трае околу шест недели.

( Текстот не е авторски и е преземен од www.moh-hsmp.gov.mk)



Wednesday, March 26, 2014

Магнетострикција и електрострикција

     Магнетострикција е својство на феромагнетниот материјал (Fe, Co, Ni) да го менува обликот под влијание на магнетно поле. Магнетострикцијата е најпрво искористена за добивање на ултразвукот. Менувањето на обликот на феромагнетниот материјал продуцира осцилации кои се пренесуваат во облик на ултразвук.





Добивање на ултразвук со магнетострикција

Електрострикција (инвертен пиезоелктричен ефект) е појава кога некои кристали, погодно исечени, поставени во наизменично електрични поле со многу висока фрекфенција, произведуваат ултразвучни бранови.

http://hr.wikipedia.org/wiki/Ultrazvuk

Tuesday, March 25, 2014

Ултразвук



Тераписки ултразвук

 Општи карактеристики

Ултразвук е механички еластичен бран со фрекфенција поголема од 20kHz.

20kHz < f < 1GHz   - ултразвук

Звукот е дефиниран како механичко треперење  во облик на наизменични згуснувања (компресија) и разредувања (дилатација) на средината.
Тој се шири низ цврстите, течните и гасовитите средини. Звукот се движи низ воздухот со брзина од 334m/s, додека брзината на простирање низ водата е многу поголема. Најбрзо се движи низ метал, односно низ цврсти тела. Со зголемувањето на температурата се зголемува и брзината на ширење на ултразвукот.



Карактеристики на звукот

Рефлексија. Звукот има карактеристика да може да се одбие од рамни и мазни површини, доколку на нив паѓа под одреден агол. 
Интерференција на звучните бранови. Доколку од еден извор се емитуваат завучни бранови кои се со иста бранова должина, но нивното време на простирање се разликува, така да во еден ист интервал се сретнуваат една позитивна фаза од едниот бран и една негативна фаза од другиот бран, доаѓа до нивно взаемно поништување.
Суперпозиција на звучните бранови. Ако во ист интервал се сретнат цва позитивни или два негативни бранови, доаѓа до новно сумирање.

Звукот може да биде со различна фрекфенција и според модерната акустика се дели на:
а. инфразвучни бранови до 16Hz
б. звук 16Hz - 20 000Hz
в. ултразвучни бранови над 20 000Hz

Вибрациите над 20kHz човечкото уво не ги примa како чулна дразба, но тие фрекфенции можат да се регистрираат и да предизвикаат специјални ефекти кај животните.
            Брановата должина на инфразвукот, звукот и ултразвукот не е иста и зависи од фрекфенцијата.
            Звукот и ултразвукот се разликуваат по тоа што звукот може да се простира во воздух, за разлика од ултразвукот кој не се спроведува во воздухот.Некогаш и многу танок слој на воздух претставува непробивна пречка за минување на ултразвукот.


2. Добивање на ултразвучни бранови (ултразвук)

            Ултразвукот се добива со помош на ултразвучни генератори. Во нив електричните импулси се претвораат во улртазвучни (механички) осцилации,па затоа се нарекуваат и претворувачи (трансдјусери). Најголем број на ултразвучни генератори работат на принципот на електрострикција (инверзен пиезоелектричен ефект) или на магнетострикција.
            Пизоелектричен ефект е карактеристика на некои кристали (кварц, бариум титанат, натриим и калиум тартарат) да под притисок електрички се поларизираат. Спротивно на тоа, ако кристалот електрички се поларизира, ќе дојде до механичка елестична деформација на кристалот што претставува инверзен пиезоелектични ефект.
            Ако кристалот се најде во променливо електрично поле (на пр. помеѓу плочи на кондензатер во електрично осцилаторно поле), во едниот полупериод ќе дојде до дилатација (ширење) на кристалот, а во другиот полупериод до негова компресија (стегање). На тој начин кристалот осцилира со фрекфенцијата на електричното поле, која може да биде произволно висока. Овие механички осцилации се пренесуваат низ средината (вода, течност) во која се наоѓа кристалот во вид на ултравук.
            Магнетострикција е карактеристика на некои феромагнетни материјали (Fe, Ni, Co) во магнетно поле еластично да се деформираат. Ако прачка од ваков материјал се постави во променливо магнетно поле (на пр. во калем на електрично осцилаторно коло), прачката ќе врши осцилации со фрекфенција на електричното поле. Овие осцилации се пренесуваат во средината во облик на ултразвук.   


3. Карактеристики на ултразвукот

3.1 Фрекфенција
            Во тераписки цели во праксата најповеќе се користат звучни глави кои произведуваат бранови со фрекфенција од  1MHz, кои продираат до длабочина од 3-5cm под површината на кожата (зглобови, скелетни мускули). Звучните бранови со фрекфенција од  3MHz се апсорбираат во структурите непосредно под површината на кожата.
 Звучната глава може да емитира една или повеќе фрекфенции.

3.2 Интензитет
            Интензитетот на ултразвукот се одредува како количество на енергија на еденица површина на ултразвучната глава  во единица време, односно снага на единица површина. Интензитетот звукот се изразува во W/m2, а во физикалната медицина   W/cm2  и се движи во дијапазон од 0,2-3 W/cm2 .

             
4. Физичко и биофизичко дејство

Брзината на простирање на ултразвукот не е константна, туку се менува во зависност  од акустичните својства, еластичноста и густината низ која поминува. Во течна средина на човечкото тело  изнесува 1500m/s, во паренхимните органи 1400 -1600 m/s, а во коските повеќе од 4000 m/s.
Во хомогена средина ултразвукот се простира праволиниски, слично на светлосните зраци.
            Во човечкото тело најголемо е одбивањето на граничните површини на ткивата помеѓу поткожното масно ткаење и мускулите, фасциите и мускулите тетивите и периостот, особено помеѓу меките ткаења и коската.
Кога ултразвучните бранови ќе паднат на граничната површина под прав агол и кога од неа потполни ќе се одбијат, може да дојде до стоечки бранови. Во некои точки нема осциласии (брановите се поништуваат), додека во други точки има двојно повеќе осцилации.
Ултразвучните бранови осцилитајќи во телото и ткаењата, својата електрична енергија ја претвара во механичка (топлотна емергија). Загревањето на температурата зависи од васкуларизацијата на ткаењата. Кај добро васкуларизирани ткива и органи ултразвукот предизвикува вазодилатација и зголемена циркулација, со што се одведува топлината и не доаѓа до прегревање.

На следните линкови ќе можете да најдете повеќе податоци за ултразвукот

http://www.akromion.hr/default.aspx?id=56707



Monday, March 24, 2014



 Мултипла склероза (Sclerosis multiplex)
     Припаѓа во автоимуни болести, бидејќи организмот создава антитела против своите ткаења.
На седното видео се прикажува демиелинирирањето на аксонот, кое е причина за појавата на симптомите на мултиплата склероза. 

Sunday, March 23, 2014

ФЕС ортоза

      ФЕС ортозите се помагала  кои се поставуваат кај пациентите кои имаат лезија на ЦМН (централен моторен неврон), а при тоа  функцијата на периферните нерви е сочувана.
     ФЕС ортозата создава и испраќа дразби во вид на електрични импулси на неоштетените нерви и мускули. Дразбите  предизвикуваат контракции на мускулите и овозмужуваат движење на екстремитетите.
     На следниот линк можите да видите како функционира ФЕС ортоза за нога.
       

http://www.bioness.com/L300_for_Foot_Drop/How_Does_It_Work.php